After Midnight

Атеистите имаат поквалитетен секс од верниците

Атеистите често разговараат за своите секс фантазии и генерално се многу задоволни од своето сексуално искуство. Инаку и двете групи признаваат дека гледаат порнографски содржини, маструбираат, прават орален секс и го изневеруваат партнерот. Меѓутоа оние религиозните не уживаат подеднакво во сексот поради своите верски убедувања. После сексот имаат чуствува на вина и каење. Оние што пораснале во религиозно семејство како возрасни имаат проблеми со прифаќањето на сексот, на пример голем дел од нив се срамат од маструбацијата или пак ако направат нешто посмело во кревет, но најчесто таквите мажи и жени тешко прифаќаат нешто поразлично од класичната мисионерска поза. Додека пак атеистите се отворени за нови сексуални авантури и уживаат во тоа. Тие го немаат товарот на совеста како верниците и за нив сексот е биолошка потреба како и храната на пример и нема зошто човек да се срами или обвинува поради тоа.

Лошата страна на сето ова е што децата израснати во религиозните семејства своето сексуално образование го стекнуваат преку порнографските содржини, бидејќи тие не разговараат со своите родители на оваа тема. Оние кои станале атеисти доживеале значително подобрување на својот сексуален живот и повеќето од нив се задоволни.

Напиши коментар