Продолжението на научно фантастичниот хит на режисерот Џејмс Камерон ќе стигне во светските кина дури во 2014 година. До тогаш, има да заборавиме што се случуваше во оригиналниот, прв дел.
Иако претходно се најавуваше дека вториот дел од „Аватар“ ќе стигне набрзо пред публиката, продуцентот Џон Ландау најавил дека Сем Вортингтон и целата екипа ќе се вратат заедно пред фановите дури во декември 2014 година. Третиот дел на филмот е планиран за декември, 2015 година.
Вортигнтон неодамна изјавли дека приказната во вториот дел е „потполно монументална“, а се шушка и дека продолжението ќе се одвива во еден подводен свет. Сепак, сценаристот и режисерот одбиваат да откријат било какви детали од заплетот на приказната.