Барај го човекот што ќе ти се восхитува како на човек, кој ќе ти посочи каде грешиш без да го засегне твоето достоинство.
Барај го човекот што нема да те испушти од своите раце, кога другите ќе те напаѓаат и ќе се обидуваат да ве разделат еден од друг. Човекот што ќе верува само на твојата вистина и нема да даде шанса било кој да го оцрни твоето име…
Барај го човекот што може да ти даде смирение, без да ја одзема твојата сила и да те потчини на својата. Човекот што ја сака твојата индивидуалност, не човекот што сака да ја менува.
Барај го човекот што ќе го сподели со тебе својот свет до целосно соголување, без да му е непријатно од тебе и без да му е срам пред тебе за тајните што ти ги доверил.
Барај го човекот што има храброст да ти ја довери својата љубов, верувајќи дека ќе ја оцениш и не го предавај!
Барај го човекот за кој си многу вредна и затоа никогаш нема да те предаде.
Барај го човекот кој ќе се обиде да те разбере, дури и да неможе, но ќе се обиде, а нема да те обвинува дека не се сообразуваш со него.
Барај го човекот што ќе се радува на твојата радост и ќе страда од твоите солзи.
Барај го човекот во чиј свет има место за твојот, како и во твојот за неговиот.
Барај го човекот што ќе ти се предаде себе си во доверба и со љубов, зошто знае дека заслужуваш.
Барај го човекот во чии очи можеш да се видиш гола, расоблечена и не толку убава и без шминка и неспокојна и тажна, очи во кои погледнувајќи се кокетно ќе видиш само едно – љубов. Човекот во чии прегратки забораваш за сите проблеми што ти ги донесол денот…Човекот во чии раце се наоколу губи смисла и престанува да постои…
Барај го човекот кој открива човек во тебе.
И кога ќе го најдеш, пази го како она највредното од твојата душевност.
Зошто тоа е човекот за тебе!
