Bella се врати!
Откако во скоро половина од филмот „Breaking Dawn“ таа имаше комплицирана бременост, сега конечно ја премина границата на бесмртноста и си заработи вечен живот.
Во најновиот трејлер за „Breaking Dawn: Part 2“ Bella Swan станува вампир.
– По 18 години обична девојка, конечно можам да блеснам, – е нејзината реплика.
Во комбинација со дрвени очи и бледа боја на тенот, Bella може да се види како го прегрнува Edward Cullen, кој ѝ вели:
– Прекрасна си. Сега имаме иста температура!
Краткиот клип завршува со сцена во која Bella демне еден елен. Филмот треба премиерно да биде прикажан на 16-ти Ноември.
Еве го и тизер-трејлерот:
