Познатата R&B пејачка Beyonce неодамна отвори конкурс на кој можеа да учествуваат сите заинтересирани да направат ремикс на нејзината песна „End of Time“.
Победникот бил конечно избран вчера, и пејачката решила да го изненади со тоа што без тој да знае ќе се појави на камерата на skype. Се работи за дечко од Полска кој позади својот ремикс го користи името Jimek. Победникот ќе добие награда од 4.000 долари и исто така ќе се појави на идниот сингл на Beyonce со наслов „4: The Remix“ кој треба да излезе на 24-ти Април.
Погледнете колку е изненаден дечкото и како звучи кога пред него од никаде се појавува никој друг туку Beyonce:
http://www.youtube.com/watch?v=8JxHaCRnzJA
