After Midnight

Бидете мудри – препознајте ја посесивноста !!!

Насилникот лесно се препознава и уште полено се остава… и тоа треба да се стори веднаш штом дојде до првиот голем излив на бес…насилство!!!

Но како би ги препознале двата тип на најлоши машки карактеристики…Посесивноста!!!

Секој од нас на свој суптилен начин се обидува да го манипулира партнерот, но кај одредени личности се јавува опсесивна желба да го прават тоа во секој можен момент. Мора да се напомени дека двете најлоши карактеристики на мажите се насилничкото однесување и манипулирањето со емоции. Штом се сретнете со ваква ситуација знајте дека тешко ќе можете да се извлечете без последици, било тоа да се телесни или емоционални.

Но нема да говориме за првиот тип, насилниците, бидејќи тоа лесно се препознава…време е да се задржиме и позанимаваме со посесивноста на машкиот род !!!

Тој ве обесхрабрува!!!

Тој секогаш се труди во тешките ситуации да Ви стави до знаење дека Вие нема да можете да се справите со нив без него!!! Тој не Ве почитува, се што ќе направите можело да биде подобро, се неговите комплименти… И кога ќе го изгубите самопочитувањето и самодовербата, тој ќе ужива во плодовите на својот труд!!!

Не му се допаѓа што излегувате до друштвото

Дали тој Ви вели дека пријателите лошо влијаат на Вас ??? Почнува да ги „оцрнува“ сите со кои Вие се дружите или сте се дружеле. Почнува да Ви бира личности со кои ќе може да излегувате. Крајната цел му е да немате никој друг освен него!!! Прилично позната ситуација … НЕЛИ ???

Ве тера да се сомневате во себеси

Тој игра игри и се труди да Ве фати на трик прашања… Се обидува да Ве збуни, да почнете да давате контрадикторни одговори, се со цел да се чувствувате лошо и почнете да наликувате на „лоша“ личност… и сето тоа суптилно без никаква грижа на совест!!! Перверзно !!!

Сака да знае се за Вас

Тој ги мрзи тајните и Ви кажува се за себе… истото го очекува и од Вас… па немојте да се изненадите кога ќе Ви го побара пасвордот на Facebook. Сака да го знае секој детаљ од Вашиот живот, а доколку го одбиете Вие опасно сте го „повредиле“ …можни се и солзи…

Сака да Ви се сити

Едвај чека да згрешите и да Ви каже „Нели ти кажав…“ Тоа вооедно му е и омилената реченица!!!

Љубомора

На почетокот е интересно, може да делува како интересен зачин на Вашата љубов… но со време Вие почнувате да сфаќате дека неговата љубомора се граничи со лудило.

Тој е единствениот кој може да Ве „направи човек“

Штом нешто направите сами, тој се однесува како ништо да не сте направиле. Тој мисли дека Вашите успеси се последица на неговиот ангажман. Тој е единствениот што од Вас може да направи човек.

Секогаш е во право

Вие не сте !!! тој секогаш ја префрла вината на другите. Вашите грешки Ви ги префрлува долго време!!!

Има двојни аршини

Не му се допаѓа тоа што го правите но тој може истото да го направи без последици… бидејќи е машко !!!

Зрррр на 5 минути

Тој сака да се гледате што е можно повеќе и сака да знае се што Вие правите… па до детаљот се бањаше или …

Одлуките се само негови

На почетокот е вистински кавалер, кој секогаш знае што сака… но тука лежи манипулацијата… ќе забележите дека тој всушност носи одлуки во Ваше име !!!

Кога ќе се спротивставите тој попушта

Тоа е најперфидниот метод со кој се служат посесивците…Штом му се спротивставите не однесува како да сте го повредиле… тука почнуваат солзите и улогата на жртва во драмата со име „Вашата врска„.

Повеќе не знаете што сакате

Можеби и најлошата ситуација во која можете да се најдете доколку покрај себе имате посесивец. Тој Ве убедува дека сте среќни поради него и Вие почнувате да верувате во тоа. Неговата среќа станува Ваша среќа, неговите потреби Ваши потреби. Но не заборавајте дека врската не треба да Ве менува треба да Ве направи среќни онакви какви што навистина сте.

И пред да почнете да анализирате каква е Вашата љубов, морате да го знаете фактот дека секое машко е посесивно но границите мора да имаат црвена линија…

Среќно!!!

Напиши коментар