Колку што е драгоцен во исхраната, толку е корисен иза нега на лицето и телото. Поради корисното дејство и пријатниот мирис, се употребува во маски за нега на лице, за избелување на кожата или нејзино смирување, собирање на порите и за зајакнување на косата.
Пилинг за лакти и пети
Во полуисцедена половина од лимон ставете лажичка шеќер и тријте ги лактите и петите за да ги отстраните мртвите ќелии од површината. По неколку минути исплакнете ги и нанесете хранлив крем. Пожелно е овој пилинг да го правите барем еднаш неделно.
Маска за брзо освежување
Измешајте лажичка мед, 3 лажички лимонов сок и млеко во прав, додека не добиете паста која лесно се нанесува на лицето. По 15 минути врз оваа маска ставете изматени белки од јајце и држете уште 15 минути. Измијте ја маската со млака вода и на кожата нанесете крем кој одговара на вашето лице.

Маска за сува кожа
Изматете една жолчка со лажичка маслиново масло, па додадете лажичка лимонов сок. Добиената смеса нанесете ја на чиста кожа и држете околу половина час, а потоа масирајте го лицето со кружни движења околу 10 минути, додека не почувствувате топлина. Измијте со млака вода.
Маска за масна кожа
Во сок од половина лимон и половина портокал измешајте сина глина додека не добиете убава смеса. Мешајте со дрвена лажица во стаклен сад и веднаш нанесете ја на кожата. Покријте го лицето со фолија и држете 20 минути, а потоа извадете ја фолијата. По половина час измијте го лицето со млака, а потоа со ладна вода. Не ставајте веднаш крема.
Совет за отстранување на првут
Навечер пред спиење нанесете млако маслиново масло во коренот на косата, особено на темето. Ставете капа за туширање и замотајте крпа. Еден час пред да ја миете косата, во коренот втријте сок од еден лимон и повторно ставете капа и крпа. Ова можете да го повторувате повеќе пати во неделата. Првутот ќе исчезне, а истовремено косата побрзо ќе расте и ќе изгледа здраво.
