Free zone

Близначките живеат од секс и на 69 години!

Амстердам- Луис и Мартина Фокенс, близначки проститутки од Амстердам, имат 69 години и сеуште се занимаваат со најстариот занает на светот.

Тие две се ѕвезди во филмот Meet the Fokkens, кој ќе биде прикажан ова лето во Њујорк.

Луси и Мартина ветеранки на славната улица на црвени светла, зборуваат како времињата се промениле од почетокот на 60 те години кога почнале да ја градат својата кариера.

Имавме трикови, ретко имавме секс, освен ако не ни платеа многу пари- вика Луис.

Таа пред две години морала да се пензионира поради артритис и не може да ги дига нозете, но нејзината сестра и понатаму работи бидејќи не може да живее од државната пензија.

Сестрите меѓудругото зборуваат за вибраторите и секс продавниците и за нивниот квалитет и како треба да се употребуваат.

Бабите во текот на својата кариера успеале да се ослободат од макроата и го основале првиот неформален синдикат за проститутки.

Режисерите на филмот изјавија дека Луис и Мартина се прави старомодни амстердамски проститутки- слободни,весели и од никој не се плашат.

Иако проституцијата во Холандија е легална, постојано ги осудувале.Кога еднаш ќе ја изработиш работата ти си курва и никогаш нема да се ослободиш од тоа име- вели една од сестрите.

 

 

 

Напиши коментар