Здраво тело

Боите од кои слабееме..диета во бои

.По една боја дневно во чинијата…тоа е една од современите тенденции во исхраната.  Принципот е едноставен: Изберете храни во една иста боја за вашето дневно мени.  Единствено на што треба да внимавате е да не се редат денови еден по друг во иста боја. Со оваа диета се слабее бавно но сигурно, по 1 кг седмично.

Портокалов ден

Диња, кајсија, праска, портокал, грејпфрут, моркови, манго, папаја, жолти и портокалови пиперки, лимон, тиква, компир, кари, шафран…

Црвен ден

Боровинки, малини, јагоди, чреши, вишни, калинка, домати, црвена пиперка, црвено вино, црвен грав, црвено месо….

 

Зелен ден

Брокули, зелка, марула, авокадо, спанаќ, грашок, боранија, сирење рокфор, магдонос, млад лук, млад кромид…

 

Жолт ден

Сите зрнести култури – жито, пченка, пченица, ориз, компири, паста, бадеми, ореви, леблебија, леќа…

 

Бел ден

Млеко и сите млечни производи,  јајца, растително масло, бело месо, пилешко, кокосов орев, риба, млечен шејк со банана…

 

Ние само ви покажавме како да го правите изборот на храната, а вие сигурно ќе си направите  свое сопствено мени во зависност од боите и храната што ви се допаѓа.

Write A Comment