Научете како најлесно да ги комбинирате боите и одберете ги вистинксите бои, оние кои најдобро прилегаат на бојата на вашите очи. Сето тоа ќе ви биде многу лесно со ова видео.
На кругот од бои има три групи на бои:
Примарни – тоа се основни бои кои не може да се добијат со мешавина на други бои – сина, жолта и црвена.
Секундарни – тоа се бои кои се добиваат со мешавина на основните бои. На пример сината и жолтата даваат зелена, црвена и жолта портокалова, црвена и сина виолетова.
Терцијални – овие бои се добиваат со мешање на примарните и секундарните бои.
Ладни бои – ладни се оние бои кои во основата имаат сина, а топли се оние кои воосновата имаат жолта.
Сини очи
Ако имате сини очи, било која нијанса на сина сенка ќе го привлече вниманието кон вашите очи. Ако ставите топли бои на сенки тогаш сината боја на очите уште повеќе ќе дојде до израз. Поентата е да користите топли нијанси на сенки за да добиете поизразена сина боја на очите.
Зелени очи
Секоја зелена нијанса на сенки за очи, само ќе ја поматат бојата на вашите очи. Но, сите нијанси на виолетово и кафено само ќе ја истакнат бојата на вашите очи.
Кафени очи
Ако имате кафени очи тогаш слободно играјте се со боите. Запомнете дека секоја златна нијанса само ќе ги истакне очите. Користете кафена, зелена, виолетова… сите тие бои ќе придонесат за повпечатливи очи.
