After Midnight

Болни од љубов

Она што во романите го нарекуваат судбинска страст, психолозите често го сметаат за душевна болест што треба да се лекува. Што претставува страстно вљубениот човек? На прв поглед тој прелива од нежност, романтика, радосен трепет. Но всушност страста нема ништо заедничко со љубовта и е способна да ја разруши човечката личност. Психолозите одавна ја определиле оваа состојба како зависност слична на наркоманијата и алкохолизмот. Како да ја препознаеме болеста од здравото љубовно чувство и можеме ли самостојно да се пребориме со фалшивото? Основните симптоми на болеста…

Ќе ме засака по секоја цена

Обземена од страст жената се чувствува добро само кога Тој, избраникот постојано и посветува внимание. За да го постигне тоа таа е спремна на интриги. И ако се биде напразно доаѓа на ред одмаздата: Тогаш никој друг нема да те има!.

Што ако ме напушти?

Оваа мисла може да ве полуди. Постојано да се живее во страв дека саканиот еден прекрасен ден ќе исчезне, ќе отиде со друга, ќе ве предаде, е навистина болна состојба. Тоа ве држи ноќе будни, постојано води до спазми во стомакот и сериозно пречи на врската, на работата и воопшто на животот. Дури и многу да ве сака, откако поживее месец два со вас партнерот сериозно ќе размисли за врска со нормална жена.

Тој е идеалниот, единствениот

Страста наликува на зрак светлина што го осветлува единствено ликот на саканиот. На човек, поразен од неа, му се чини дека на светот нема поумен, поубав од избраникот. Дури и на неговите пороци се гледа со восхит. Кога сте со него вие чувствувате душевен подем, а кога не е со вас паѓате во депресија. Е тоа не е ли зависност? Но и со неа можете да се справите.

Само на него мислите

Тој едноставно не излегува од вашата глава. А животот пред да се појави тој го гледате како празен и лишен од секаква смисла. Денешниот ден ви зависи од неговото расположение и наклоност кон вас. Ваквата ситуација е многу опасна. Вие не можете да живеете единствено во сегашниот миг – без минато и без планови за иднина и тоа води до рушење на вашата личност.

Престанете да повторувате дека животот пред него бил пуст, многу добро знаете дека тоа не е точно.

Планирајте нешто реално во тој дел од вашиот живот, што не е поврзано со него – со пријатели, роднини, колеги, вашето хоби…одете на театар, кино, дискотека, правете го она што ви се допаѓа и ќе се уверите дека тој не е центарот на Вселената.

Write A Comment