Убавина

Брада – да или не? Што велат девојките?

Порано, брадата и мустаќите беа заштитен знак на долгите зимски одмори и продолжените викенди. Но денес трендот на носење брада e распространет низ целата машка популација.

Иако постојат жени кои обожаваат брадести мажи, сепак поголемиот дел од жените повеќе сакаат меко машко лице. На жените најчесто им пречи боцкањето на брадата, а не ретко некои добиваат осип на кожата на лицето. Но исто така брадата може да биде извор на нечистотии и бактерии доколку не се негува правилно и не се мие често, особено после оброкот.

Но, машките сепак ја носат…

Брадата симболизира машкиот хормон, тестостерон, младост брзина и спремност. Исто така брадата визуелно ја зголемува вилицата, уште еден сигнал за машкоста.

Научниците откриле дека жените кои се во фаза на овулација повеќе им се допаѓаат мажи со истакната вилица.

Но, сепак, во повеќето случаи, зад сликата на „тестостеронот“ обично се крие само мрзеливост.

2 коментари

Write A Comment