After Midnight

Бракот – награда или казна?!

Една од најраспространетите фрази е дека бракот претставува замок – оние кои се надвор сакаат да влезат, а оние внатре копнеат да излезат. Се разбира во секоја шега има и вистина. Факт е дека девојчината уште од мали сакаат да си играат семејство и кој знае зошто се замислуваат принцези. Се уште не можат да сватат дека принцезите не виреат добро по кујните.

Бракот започнува како романтична приказна, но дали ќе продолжи така зависи не само од Судбината. Понекогаш бракот е толку жестока грешка, каде и двајцата се чувствуваат како во замка. Разочарувањето е толку големо, што ги остава на заден план сите мотиви, кои не донеле до заветното да. Нема поголема казна од лош брак.

Таму постојано врне, понекогаш солзи, понекогаш навреди…понекогаш гнев пред кој сите природни сили избледуваат. Мнозина наоѓаат спас во разводот, но тоа го обележува животот за секогаш. Остануваат деца кои секогаш се искупителна жртва на едно необмислено решение. Често години после разводот и двајцата не можат да се опорават или пак ако успеат останува горчината и прашањето зошто всушност стапиле во брак, а било наполно доброволен акт. Најлесно е да кажеш – Судбина. Само што таа има секогаш и продолжение. Ќе ти се наложи да живееш многу потешко, зошто секој знае, дека е полесно да изградиш куќа одошто да ремонтираш стара. Секогаш се појавуваат пукнатини, со кои или навикнуваш да живееш, или ќе ти треба многу труд да ги поправиш.

Напиши коментар