Celebrity

Бред, врати се и глуми

Филмот “World War Z” кој го продуцира Бред Пит, во кој до сега се вложени 170 милиони долари е ставен под знак прашање.

Иднината на филмот ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат односите помеѓу Бред Пит и режисерот Марк Фостер. Тие имале жестока кавга по која повеќе не разговараат. Наводно Марк сакал секоја ситница која ја има во главата да изгледа токму така, па затоа и до сега се потрошени многу пари.

Од нивниот однос ќе зависи и кога ќе продолжи снимањето на филмот, што дополнително ги прави нервозни актерите и целата филмска екипа која работи на филмот. Во овој филм Бред ја има главната улога, но и тој се повлекол од снимањата.

Премиерата беше закажана за декември оваа година, но по се изгледа дека тогаш нема да биде готов.

Напиши коментар