Актерот Бредли Купер наскоро ќе ја добие улогата во филмот каде главна партнерка ќе му биде Бијонсе.
Најавено е снимањето на филмот „Ѕвездата е родена„, филм на Клинт Иствуд, во кој главната женска улога ја доби Бијонсе. До сега како потенцијални актери кои би можеле да ја добијат главната машка улога беа наведени Леонардо ДиКаприо, Вил Смит и Кристијан Беил.
Во филмот ќе се раскажува за животот на еден стар рокер кој се вљубува во една млада пејачка чија кариера е во подем. Како инспирација за овој филм е земен животот на покојниот фронтмен на Нирвана, Курт Кобејн. Продуцентите изјавиле дека тие ја направиле приказната обидувајќи се да предвидат како би се однесувал тој по дваесет години, по неговата смрт.
