Едни од најпопуларните пејачки на цел свет, Бритни Спирс и Шакира наводно снимаат заеднички дует, пренесуваат американските медиуми.
Тие две всушност работат на заедничка песна која треба да биде готова во текот на оваа година. Продуцент на песната е Вил.Ај.Ем од групата „Блек Ајд Пис“.
– Ѝ понудив на Бритни Спирс да ја донесе Шакира во студиото и сите сметаат дека тоа е добра идеја, – изјавил пејачот и продуцент Фарел Вилијамс.
– Сакам тоа да се случи. Сакам експлозивен дует и нема да заспијам смирено сè додека не се случи тоа, – додава тој.
Инаку, песната „I Am Slave 4 U“на Бритни е дело на Вилијамс.
