After Midnight

Бројките поради кои сексот е уште подобар!

Најважното за сексот сакаме да го гледаме, употребуваме, а понекогаш и да читаме. Меѓутоа бројките се она што со сексот најчесто се поврзува, сеедно дали се работи за минути, издржливост, сантиметри или пак број на партнери. Затоа ви ги претставуваме фактите и бројките за кои досега можеби не сте слушнале.

69 – добро позната сексуална поза за која најмногу се зборува и околу која се подига најмногу прашина, е поза која не се практикува толку често. Всушност неодамнешното истражување покажало дека 15 % од двојките ја применуваат во својот сексуален живот.

200 – просечен број калории кои се согоруваат за време на получасовен сексуален однос. Звучи совршено ако земеме во предвид дека 50 калории повеќе се согоруват за време на 45 минутен тренинг кој се состои од брзо одење.

48 – проценти од жените признаваат дека глумеле оргазам, утеха за машкиот пол нема да биде ни кога ќе откриеме дека истото го направиле 11% од мажите.

34 – проценти од жените на секс размислуваат секој ден. Оваа бројка и не звучи лошо иако машкиот пол е повеќе напреден, па така дури 75% од нив за сексот размислуваат и до два пати дневно. Жени разбудете се !

13 – милиони жени воАмерика признале дека онлајн порно филмови гледаат барем еднаш месечно. Бројката која се врти околу мажите во овој случај нека остане нешто што можете самите да си го претпоставите.

Напиши коментар