Free zone

Бројот на депресивни многу поголем помеѓу богатите отколку кај сиромашните

Депресијата е една од најчестите болести да денешницата. Таа зема голем замав, но научниците велат дека многу повеќе кај богатите отколку кај сиромашните.

Истражувањето кое било направено и објавено од страна на Светската здравствена организација било спроведено во 18 земји, каде биле анкетирани 89.000 личности.

Анкетираните одговарале на прашања за симптомите на депресијата како што се тагата, циклусот на сонот, интересот за секојдневните активности, нивната возраст, приходи и друштвениот статус.

На чело на листата на депресивни земји се најде Франција со 21% депресивно население, потоа САД со 19,2% депресивно население, Холандија со 17,9%, Нов Зеланд со 17,8%, Белгија со 14,1%, Шпанија со 10,6%, Израел со 10,2%, Италија со 9,9%, Германија исто со 9,9% и Јапонија со 6,6%.

Истражувањето покажало дека депресивноста е многу повеќе застапена кај богатите отколку кај сиромашните.

Напиши коментар