Ова е колач кој ќе ве освежи и ќе ви даде енергија
Потребни состојки:
– 800 мл хопла
– 300 гр шеќер
– дупло пакување пишкоти
– овошје по желба
– 2 шлага
Подготовка:
Во еден плех наредете еден ред пишкоти кои претходно ги потопивте во млеко. Одозгора премачкајте со изматената хопла и шеќер. Наредете го овошјето одозгора и ставете еден ред шлаг. Ако плехот е помал направете го тоа уште еднаш, повтрете ја постапката. Кога ќе завршите ставете го колачот во фрижидер да се излади. Се служи ладен.
