Здраво тело

Чајот – извор на здравје и во жешките летни денови !!!

Чајот опушта и дава енергија, го намалува уморот и поспаноста… Одличен е дури и во Лето…

Иако повеќето веруваат дека чајот не е напиток за жешките летни денови, научниците го тврдат спротивното. Чајот, во Лето, го намалува потењето, а организмот го обезбедува со потребното количество вода. Овој напиток ја помага работата на мускулите и е совршен рецепт за пауза после активниот и топол ден. Наутро ќе Ве разбуди и ќе Ве подготви за  дневните активности, за време на денот ќе го прочисти Вашиот организам, а пред спиење ќе Ве смири и ќе Ви обезбеди убав сон…

Ако и понатаму не можете да се замислите со шолја чај во рака, додека надвор температурите се високи – направете го ладен!!! Подгответе го на вообичаениот начин, а потоа налејте го во чаша со мраз. Можете да го засладите со мед или шеќер, но и со додавање на млеко, ванила или лимон…

Write A Comment