After Midnight

Честиот секс штити од сексуално преносливи болести

Најпродаваниот амеркански писател Стивен Ландсбург истакнива дека сексуално активните луѓе всушност го спречуваат ширењето на сексуално преносливи болести.

Ландсбург, кој е професор по економија на универзитетот Рочестер и е автор на неколку бестселери, научно докажал дека посигурно е да имате повеќе секс. Тој ги советува мажите да станат сексуално поактивни за да ги заштитат жените.

„Кога луѓето, кои не се сексуално активни, ќе станат активни, им пружаат на другите кои се во потрага по партнер поголема шанса да пронајдат некој кој е „здрав“ односно нема сексуално преносливи болести. Сексуално неактивните луѓе, кои ретко имаат партнер, ако се заразат со вирусот исто така претставуваат спас за човештвото. Зошто? Затоа што инаку се неактивни и не ја шират болеста. Евентуално може да умрат од таа болест, но без да ја рашират. Во секој случај, во двата случаеви зголемената сексуална активност го прави светот побезбеден“, тврди Ландсбург.

„Ако мажите се премногу активни, ќе шират повеќе болести. Но ако имаат секс со некои кои се поактивни од нив, тогаш делуваат како заштита. Значи, процесот се движи во два правци – со почест секс партнерите може да делуваат и како зараза и како заштита“, пишува Ландсбург.

Тој во својата книга тврди дека пренесувањето на ХИВ вирусот може значајно да се намали ако просекот од 2,15 партнери по човек се зголеми на 2,5. Ова е една навистина чудна теорија, но многумина сексолози од САД се сложуваат со теоријата на Лансберг.

Напиши коментар