Free zone

Четири причини да ја излажеш својата девојка

Не е убаво да се лаже, бла, бла, бла… се е тоа супер ама едноставно понекогаш мораш. Само заради мир во куќа. Ако не излажеш ќе кажеш куп вистини од кои со денови ќе има лоши погледи, расправии, па молк…

Дали изгледам дебело?

Ако се сакаш себе си излажи и кажи не. Таа знае дека е дебела и затоа прашува. Многу ќе се налути ако некој и го потврди тоа. Ако ја сакаш таа девојка, сигурно ја сакаш онаква каква што е. Но, за да не го објаснуваш сето ова, кажи НЕ. Затоа не ја кажувај вистината која ќе ја заболи.

Таа не и се допаѓа на  твојата мајка

Ако си во сериозна врска многу веројатно дека ќе биде важно да и се допадне на твојата мајка. А однос снаа-свекрва… ужас. Нормално е твојата мајка да почувствува некаква љубомора на неа. До сега таа те имала само тебе, а сега те има само тебе но те “дели” со некоја девојка за која ќе направиш многу повеќе отколку за мајка си. Како и да е на крајот ќе мора да ја прифати, па немој ни во лудило да и кажеш дека не и се допаѓа на мајка ти. Така ќе почне војната, а жртвата ќе бидеш ти.

Поранешни девојки

Секоја девојка мисли дека баш она е најдобра на светот. Некои и навистина се. Жените сакаат да се докажуваат. Како они најдобро готват, како најдобро се грижат за вас, сакаат да се најдобри во кревет… Ако е навистина така кажи и го тоа. Дај и  до знаење, можеш само да добиеш. А ако не е така, кажувај и како да е. Ако сакаш да ја слушнеш реченицата: “ Ако таа подобро го правела ова, јас повеќе не го правам…” тогаш кажи и дека не е најдобра.

Други жени

Ова не се однесува на оние кои ги изневеруваат своите девојки  и жени, туку на оние мажи кои добиваат внимание од други жени а не се директно криви за тоа. Ако едноставно ги привлекуваш девојките околу себе, немој да поднесуваш редовен дневен извештај кај беше, со кого беше, што правеше… Колку и да се трудиш никогаш нема да и објасниш дека немало ништо помеѓу вас. А ако се деси да имаш флерт пред девојка ти, прави се дека не си ти крив, а и да си, не си.

Напиши коментар