Исто како и жените, мажите имаат многу тајни, а единствена разлика е во тоа што на мажите им се сосема сеедно за тајните на нивните девојки. Некои се грозни, некои сосема безопасни и ако ја поддржуваме искреноста во врската свесни сме дека овие четири тајни ги имаат повеќето мажи.
Не гледаат голи
Секој маж, во било која ситуација во еден момент ќе не замсили голи. Тоа може да биде на сред деловен состанок или нормален разговор на улица, а тоа го прават сите: работниците покрај кои поминувате, пријателите на вашиот дечко, па дури и вашиот најдобар пријател. Ако сте женско и ако сте зборувале повеќе од еднаш, сигурно ве замислувал гола.
На мажите не им е потребна романтика
Не велиме дека не се романтични, но реално, на машкиот род романтиката воопшто не им е потребна. Жените се поразлично конципирани, па така букетот цвеќе или бонбониерата за нас ќе направат чудо, но мажите можат да го проживеат цел живот без да почувствуваат потреба од романтични гестови.
Немаат планови
Девојката која е во врска два месеци, знае точно што сака од таа врска. Мажите под 30 години ретко ги знаат своите планови за наредната седмица, а да не зборуваме за тоа што сакаат од иднината.
Додека девојките растат сонувајќи за совршен маж и ги знаат деталите од својата свадба, мажите едноставно се обидуваат да се забавуваат, без многу размислување што ќе се случи за неколку години години.
Сите гледаат порничи и мастурбираат
Од време на време налетуваме на девојка која е убедена дека нејзиниот партнер, откако е со неа, нема веќе потреба од самозадоволување и порно филмови.
Иако е ова слатка лага во која можеби би сакале да веруваме, мораме да бидеме свесни дека тоа им е во крвта, и дека ништо нема да им ја намали желбата по тоа уживање. Потполно исто како и ние што нема да престанеме да купуваме (или само да гледаме) чевли.
