After Midnight

Четири застарени митови во врска со сексот…

Сексот е подрачје во кое секогаш се преиспитуваме, мислејќи на тоа дека…не сме добри љубовници.

При тоа често се поклопуваат митовите и легендите за сексот кои наметнуваат дополнителни очекувања за сексуалните вештини.

Проверете кои 4 митови треба да ги заборавите…уште во овој момент!

Мит :Мажите се попромискуитетни отколку жените

Вистина: После сексуалната револуција во склоп на која жените земаа доста моќ, срушени се и некои предрасуди. Така, жените ја пуштија својата сексуалност и ни најмалку не заостануваат зад мажите по бројот на партнери со кои воделе љубов.

Мит: Мажите сакаат повеќе секс отколку жените

Вистина: И жените сакаат секс. Само, истражвуањата покажуваат дека ги спречуваат многуте обврски. Освен работата, жените имаат и многу обврски врзани за куќата и фамилијата, поради што се многу исцрпени.Освен тоа, хормоналните промени можат да предизвикаат најразлични емоции. Поради сето тоа, жените нема да ги молат мажите за секс како што тоа го прават мажите кога им е дојдено до галење во кревет.

Мит: Среќните парови постојано уживаат во добар секс

Вистина: Паровите кои имаат долга врска запаѓаат во рутина. Тоа е нормална работа, но секогаш работите треба малку да се зачинат…Употребувајте фантазија !

Мит: Најдобар секс е спонтаниот

Вистина: При спонтаниот секс има многу возбудување, но испланираниот секс носи врвно искуство. Кога планирате секс, за него и размислувате. Што создава дополнителна сексуална атмосфера. Колку повеќе одолговлекувате, толку поголемо ќе биде уживањето.

Напиши коментар