ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 грама мелено месо ( по избор )
2 лажички сенф
200 грама кашкавал
2 супени лажици кечап
2 лажички зачин за скара
4 големи кисели краставички
1/2 главица кромид
1 средна марула
2 средни домати
2 лепини
Масло за јадење
ПОДГОТОВКА:
Во тава ставете масло за јадење да се загрее, ставете го меленото месо да се пржи, ставете ги сенфот, кечапот и зачинот за скара.
Додека се пржи месото лепините исечете ги на мали коцки, истото сторете го со краставичките и доматите. Марулата исечете ја на парчиња, кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето а кромидот на кругови.
Тргнете го испрженото месо од оган и ставете го во друг сад. Во тавата во која го пржевте месото додадете малку путер и испржете ги исечканите коцки од лепините, пржете додека коцките не добијат румена боја.
Исечканите состојки измешајте ги заедно со прженето месо и коцките леб.
Уживајте !!!
