Од сите торти, сепак постои една од „поомилените“. Едногласно- чоколадната…Би требало да знаете како се подготвува, но сепак ние Ви нудиме рецепт за неа, со кој не мора да бидете мајстор во кулинарството, а сепак ќе уживате во нејзиното задоволство.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама маргарин
500 грама шеќер во прав
16 јајца
400 грама чоколадо за готвење
300 грама мелени плазма бисквити
4 шлаг кремови од чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Маргаринот и шеќерот во прав се матат заедно. Се двојат жолчките од белките и едно по едно се додаваат во смесата со маргаринот и шеќерот во прав. На пареа се топи чоколадото и откако ќе се олади се додава на смесата. Потоа се додаваат плазма бисквитите и густо изматените белки ( белките се додаваат постепено, лажица по лажица). Смесата се поделува на два дела. Од едниот се печат три кори ( 8 лажици од смесата за една кора), а другото се остава за фил. Се мати шлаг кремот. Се филува на следниов начин: кора- фил- шлаг- кора- фил- шлаг- кора- фил- шлаг .
И вие веќе ја имате најубавата, а сепак едноставна торта…
Уживајте!!!
