Истражувачите тврдат дека носењето чорапи кои ги стегаат нозете може да им помогне на луѓето кои имаат проблем со хрчењето.
Луѓето со опструктивна апнеја во спиењето често се будат, а тоа предизвикува поспаност во текот на денот. Ова пореметување исто така е голем причинител за хрчењето. Тоа пак е проблем да се длабок и мирен сон кој е неопходен за здравјето.
Опструктивната апнеја во спиењето предизвикува мускулите при дишењето да се стегаат, а со тоа да го прекинува дишењето многу често.
Истражувачите направиле едно истражување со кое дошле до заклучок дека луѓето кои носат високи чорапи кои стегаат, особено оние кои се препорачани за луѓето кои имаат проблеми со вените и капиларите, го намалуваат хрчењето. Тоа го објаснуваат со фактот дека чорапите кои стегаат ја намалуваат дневната акумулација на течности во нозете, што за возврат ја намалува течноста која тече кон вратот навечер, со што се намалува бројот на апнеи во текот на ноќта.
