По сѐ изгледа Chris Brown решил да ги објави сите песни што се наоѓаат на неговиот најнов албум пред тој да биде пуштен во продажба. Како поинаку да го објасниме фактот што повеќе од половина од песните од албумот се достапни до јавноста на Интернет. Тој и понатаму вади синглови.
„Till I Die“ е најновиот сингл на Brown кој исто така ќе биде дел од албумот со наслов „Fortune“. Хип-хоп нумерата е продуцирана од Danja, а на неа гостуваат Big Sean и Wiz Khalifa. Само за потсетување, досега чувме дури шест песни од албумот што допрва треба да излезе.
Тука преслушајте го новиот сингл:
