Celebrity

Colin Farrell во филмот за кралот Артур!

Ирскиот актер Colin Farrell би требало да ја игра главната улога во филмот настанат според легендата за кралот Артур.

Актерот ќе го игра витезот Ланселот, еден од најверните поданоци на кралот Артур. Снимањето на филмот требало да започне уште минатата година, но било откажано поради недостаток на финансиски средства да се сними целото остварување.

Режисер на филмот со име „Arthur and Lancelot“ ќе биде David Dobkin од филмското студио „Warner Bros“, а свои адаптации за легендата со кралот Артур подготвуваат и Guy Ritchie и Bryan Singer.

Покрај Colin, во филмот ќе играат и Gerry Oldman и Kit Harrington.

Напиши коментар