Потребни состојки за тестото:
– 60 гр темна чоколада
– 2 лажици путер
– 3 јајца
– 45 гр шеќер
– малку сол
– 320 мл млеко
– пола лажица ванилин шеќер
– 2 лажици какао
– 150 гр брашно
За филот:
– 200 гр бела чоколада
– 250 мл слатка павлака
– 50 гр шеќер во прав
– банана
– 2 киви
– неколку јагоди
– малини

Подготовка:
Растопете го путерот и чоколадата на пареа, со постојано мешање. Кога чоколадата ќе се растопи тргнете го садот од оган. Во подлабок сад изматете ги јајцата, па додајте го шеќерот и солта, млекото, ванилиниот шеќр, брашното и какаото. Матете додека не добиете убава смеса без грутки. Измешајте ги двете смеси и оставете да отстои во фрижидер половина час. Испржете ги палачинките и секоја од нив филувајте ја со подготвениот фил.
За филот: растопете ја белата чоколада и откако ќе се излади додадете ја во изматената слатка павлака и шеќер во прав. Исецкајте го овошјето и додадете го во филот.
