Излажете го мозокот со „ опасната“ боја.
Во колку сакате да ослабете, а никако не ви поаѓа од рака да се одречете од омилените јадења, можеби би можеле да се обидете со чинија обоена со црвена боја.
Заедничкото истражување на германските и швајцарските научници покажало дека храната сервирана на црвени чинии, како и пијалакот послужен во црвени чаши може да го смали внесувањето на храна дури за 40 отсто. Причина, тврдат стручњаците е црвената боја која на луѓето им асоцира на опасност и забрана.
Првиот дел од студијата опфатил четириесетина студенти на кои им е послужуван пијалак во црвени и сини чаши. Испитаниците испила скоро половина помалку течност од црвените чаши.
Во другиот дел од истражувањето, 109 волонтери ги поделени во три групи, и сите добиле по 10 переци ставени на чинии со различна боја – бели, црвени и сини. Оние кои јаделе од црвените чинии изеле најмалку переци.
_ Црвената боја може да биде поврзана со исконската асоцијација на потенцијална опасност – рекла Урсула Аренс од Здружението на нутриционистите на Велика Британија.
