Потребни состојки за корпите:
– 200 гр путер
– 2 јајца
– 500 гр брашно
– пола кесичка пециво
– 50 гр чоколада
За првиот фил:
– кесичка пудинг од чоколада
– 50 гр чоколада за готвење
– 2 лажици шеќер
– 500 мл млеко
За вториот фил:
– кесичка желе со арома на јагода
– слатко од јагода
Подготовка:
Замесете го тестото од путерот, јајцата, растопената чоколада, брашното и пецивото. Од тестото обликувајте топчиња, а потоа расплескајте ги по округлите калапи. Ставете ги да се печат околу 20 минути на 180 степени.
Сварете го пудингот од чоколада, а кога ќе се згусне измешајте ја во него и растопената чоколада. Откако ќе се излади, пудингот ставете го во чоколадните корпи. Направете го желето од јагода и ставете го во истите калапи во кои ги печевте корпите. Не ги полнете, доволно е да ставите по 1 цм во секој. Кога убаво ќе се стегне извадете го желето од калапите и ставете ги одозгора на корпите со тоа што долниот дел ќе го свртите нагоре. Одозгора украсете со слатко од јагоди.
