Русокосите можеби се најзабавни, но црвенокосите жени имаат најмногу секс, покажаа истражувањата спроведени неодамна во Германија.
Студијата била спроведена во Хамбург и предводена од доктор Вернер Хабермел, а цел на истражувањето било да се направи споредба помеѓу сексуалниот живот на жените и бојата на нивната коса.
„Сексуалниот живот на жените со црвена коса е поактивен во споредба со останатите жени. Тие имаат најмногу сексуални партнери и многу поредовен сенс. Истражувањето покажува дека „жешките“ црвенокоси живеат онака како што им налага нивната репутација – диво и со многу страст“, вели д-р. Хабермел.
Хабермел додава дека женте со црвена коса најчесто флертуваат со мажите, многу повеќе од останатите жени. Дури и жените кои се во врска, доколку се офарбаат црвено, им покажуваат на своите партнери дека се несреќни и дека сакаат нешто ново.
Според психологот Кристина Бауманс, сексуалната активност на црвенокосите не се должи само на самите жени.
„Црвената боја е бојата на страсна, па кога мажите ќе сретнат некоја црвенокоса жена, тие веднаш претпоставуваат дека таа би прифатила забава и секс и не се плашат да и пријдат“, тврди Бауманс.