Проверете зошто овие колачи се најпопуларни во Америка.
Потребни состојки за 12 парчиња:
– 120 гр брашно
– 120 гр шеќер
– 1 лажичка пециво
– 1 лажичка цимет
– еден прстофат мелено каранфилче
– прстофат сол
– 80 гр путер
– 1 лажичка мелен ѓумбир
– 120 мл млеко
– 2 јајца
– 160 гр банани, испасирани како пире
Потребни состојки за кремот:
– 250 гр шеќер во прав
– 100 гр путер
– 50 гр какао во прав
– 40 мл млеко
Подготовка:
Најпрво направете го кремот. Изматете го шеќерот, путерот и какаото со миксер на средна брзина. Мешајте додека сите состојки не се поврзат. Малку по малку додавајте го млекото, и матете со миксерот уште пет минути. Колку подолго го миксирате кремот, толку тој ќе биде покремаст и погуст. Ставете го кремот во фрижидер да се излади околу половина час.
Загрејте ја рерната на 170 степени и припремете ги калапите. Брашното, шеќерот, пецивото, циметот, ѓумбирот, каранфилчето, солта и путерот измешајте ги со миксер додека не добиете мешавина налик на песок.
Мешајќи со миксерот додајте го млекото. На крајот додајте ја испасираната банана и убаво промешајте со дрвена лажица. Распоредете ја смесата во калапите и печете околу 20 минути, или додека не добијат кафенкаста боја. Изладете ги убаво и премачкајте ги со кремот. За да изгледа поубаво кремот нанесете го со шприц.
