After Midnight

Да го земеме од минатото огнот, а не пепелта!

Колку често додека го влечеме товарот од минатото и тешката гаранција за иднината сме смачкани во сегашноста од тоа бреме?

Максим Горки рекол дека во кочијата на минатото нема да отидеме никаде. Исто така ако премногу се плашиме и се трудиме да ја загарантираме иднината, тогаш дефинитивно ја губиме сегашноста. А губењето на „тука и сега“ е најголемата возможна животна загуба, бидејќи сегашноста е единствената реалност која ја имаме, во која постоиме физички и која можеме да ја управуваме.

Вистински живее оној човек кој знае што да запомни од минатото, на што да се наслади од сегашноста и што да планира за иднина.

„Еден патник мачно и бавно чекорел по долг безкраен пат. Бил натоварен со што ли не. Се придвижувал чекор по чекор напред проколнувајќи ја тешката судбина  и товарот што го измачувал. Во поладневните горештини по својот пат налетал на друг патник кој  љупопитно гледајќи го сопрел и го прашал:

–          Зошто си се натоварил со толку огромен камен?

–          Господе каква глупост – одговорил првиот патник, – не сум ни забележал до сега.

Откако се разминале се ослободил од каменот и се почувствувал подобро. Изминал доста пат и сретнал  втор патник кој гледајќи го љубопитно го запрашал:

–          Кажи ми непознат патнику, зошто се измачуваш со речиси разпадната тиква врз главата и влечеш врзани за вериги такви тешки железа со себе?

Не сум забележал каква мака си создавам сам на себе си со нив!

Тој се ослободил од веригите и товарот. Повторно се почувствувал лесно. Колку повеќе одел, толку повеќе почнувал повторно да страда. Стигнал до третиот патник кој исто како и претходните двајца не успеал да се воздржи и го прашал:

–          Човеку, ти носиш песок во својата торба. Она што го гледаш во далечината е повеќето песок кој никогаш нема да можеш да го пренесеш. А колку е голем садот за вода што го носиш, сакаш да изодиш некоја огромна пустина? Покрај тебе тече бистра река, која уште многу долго ќе те следи по патот!

–          ТИ БЛАГОДАРАМ ПАТНИКУ! СЕГА ГЛЕДАМ ШТО СЕ СУМ ВЛЕЧЕЛ СО СЕБЕ.

Со овие зборови патникот го расекол садот чија замирисана вода потонала во земјата, а со песокот пополнил една голема и опасна дупка по патот. Ослободен од своите товари зачекорил лесно со нови сили во вечерната ладовина да побара засолниште.“

Поуката е се надевам многу јасна – ослободете се од минатото, не влечете го со себе, бидејќи не ви дава далеку да стигнете. Она што единствено ни припаѓа е сегашноста, затоа уживајте во секој миг што го имате. Минатото не се враќа, иднината е неизвесна, но затоа ја имаме сегашноста – искористете ја најдобро што можете. Правете го она што ве прави среќни, тоа ќе биде минато на кое со радост ќе се навраќате, спомени кои ќе го будат огнот од пепелта.

Напиши коментар