After Midnight

Да зборуваме за сексот

Ако сте убедени дека знаете се за сексот, размислете убаво.

Сексот е интересна тема без разлика на годините и на полот. Честопати, се споменува како необврзан разговор но и со научни тези и поткрепен со научни испитувања и докази. Ова тема не е никогаш досадна и никогаш не здосадува. Секогаш не изненадува кога дознаваме нешто ново посебно ако нешто научно новоиспитано исплива на површина. Ако се работи за статистички податок или корисни информации, секојдневно има нови сознанија за оваа омилена за нас , физичка активност.

Подготвивме 15 необични но вистинити факти за сексот.

  1. Покрај човекот, за сексуалните задоволства поради уживање трагаат само уште џуџесото шимпанзо и делфините.
  2. Жените, ја ставаат на 9 место на степенот на приоритети, големината на пенисот, додека на мажите, големината на нивната гордост им завзема 3 место.
  3. Стручњаците тврдат дека сексот е 10 пати подобар седатив и од Валиумот.
  4.  Просечната жена може за 4 мин. да доживее оргазам додека мастурбира, додека 10  до 20 м. и е потребно за да постигне врв на сексуалните задоволства по пар на однос.
  5. Поголема е веројатноста жената да направи неверство за време на овулацијата отколку во било кое друго време на циклусот.
  6. Само со масажа на градите, оргазам може да доживеат сами 1% од жените.
  7. Чоколадата содржи фенилетиламин, истата состојка одговорна за сексуалната привлечност и љубов кон саканиот.
  8. Либидото кај повеќето жени е најизразено пред почокот на менструацијата.
  9. Кај 75%мажи, ејакулацијата доаѓа 3 минути после пенетрацијата.

10. 25% луѓе сексуално фантазираат во било кое доба од денот.

11. Може да се ублажат симптомите на депресија со мастурбација.

12. Многу потешко можеме да излажеме , доколку личноста ни е сексуално привлечна.

13. Клиторисот има преку 8.000 нервни завршетоци, тоа е дупло повеќе од пенисот.

14. Возрасните се во можност почесто да се согласуваат во креветот повеќе од на било кое друго место.

15. Кивањето и оргазмот се единствените физиолошки дејности  кои кога еднаш ке започнат, не сме во можност своеволно да ги прекинеме.

 

 

Write A Comment