Free zone

Дали е ова таинственото езерско чудовиште?

Граѓаните на Исланд тврдат дека езерското чудовиште го гледаат од 1345 година, а некои од оние кои го виделе тврдат дека е долг како едно фудбалско игралиште.

Ова е најновото видео од ова чудовиште кое еден граѓанин успеал да го снима додека случајно минувал покрај него.

Легендата за чудовиштето вели дека најпрво било мал црв кој бил ставен на златен прстен за да “порасне” златото. Но, кога сопственичката се вратила по него видела дека количината на златото не пораснала.

Потоа го фрлила и прстенот и црвот во езерото каде црвот започнал да расте неконтролирано.

Напиши коментар