After Midnight

Дали е време за мала пауза ???

Тргнавте амбициозно и брзо, а сега Ви се чини дека постојано сте заедно а тоа се повеќе Ви пречи??? Доколку е така дефинитивно Ви треба мал одмор… тоа не мора да значи раскинување на врската туку само малку повеќе простор за Вас двајцата… и всушност тогаш ќе видете, кој е кој и дали сте еден за друг!!!

Доколку не сте сигурни дека тоа Ви донесе подобра иднина тогаш потребно е да се преиспитате, а во тоа ќе Ви помогнат следните ситуации…

Пријателките/лите Ви замеруваат дека не ги дружите.

Никогаш не помислувавте дека може да дојде до ваква ситуација, но Вашите пријатели/ки се секогаш на второ место. Секоја покана за една пијачка значи разговор со партнерот и доколку тој има нешто друго планирано ( а секогаш има ) тогаш Вие го откажувате двочасовното дружење со пријателите.

Ги занемарувате Вашите цели

Пред врската имавте цели, а сега послатко Ви е да лежите во неговите прегратки и да гледате филм. Ова се случува на многу многу парови. Многумина не гледаат проблем во тоа, но… неостварените цели значат грижа на совест и сигурно натрупување и оставање на проблемите под килим. Кога тогаш тие ќе излезат на виделина… тогаш е и најстрашно!!!

Живеете во симбиоза

Сите ја сакаме љубовта, но што е премногу, премногу е. Ако секој чекор на партнерот значи и Ваш чекор во ист правец, најверојатно премногу време поминувате заедно. Убаво е да се биде заљубен… но доколку не можете да отидете до продавница а тој/таа да не

Ги работите неговите/нејзините работи

Врските значат компромис, но доколку целосно сте се откажале од Вашите хобија кои сте ги имале пред врската и сте ги прифатиле оние на партнерот… време е да се вратите на оние Вашите. Само тие ќе Ве направат среќни и задоволни. Во Вашиот живот сигурно има место и за работите на партнерот но и за Вашите. Почнете да бидете свои на своето.

Напиши коментар