After Midnight

Дали ќе потрае љубовната хемија???

Како да откриете дали силното сексуално привлекување помеѓу вас има шанси да преживее и да прерасне во љубов???

Измерете му ја „љубовната температура“: Ако вашиот партнер се однесува во фазонот топло-ладно, односно еднаш сака да биде со вас а другпат „бега“, тоа значи дека не е сигурен дали сака да биде со вас. Ако неговите чувства се константни, тоа е знак дека тој сака вашата врска да потрае.

Како се однесува по секс: Сексот не е доволен за да опстои вашата врска. Затоа обратете внимание на тоа колку сте компатибилни во сексот, но и како се однесува тој по сексот. Ако сака да зборувате, да се галите и да уживате во прегратките, тогаш тој е сериозно „загреан“ за вас и не сте му само минлива авантура.

Дешифрирајте ги неговите мали гестови: Говорот на телото често открива дали тој е заљубен во вас. На пример, тој ве држи за грбот кога сте излезени, ви отвара врата, гледа во вашите очи. Тоа е знак дека сте на правиот пат. Но доколку постојано се обзирнува околу себе, не ве гледа додека зборувате и не забележува дека сте ја смениле фризурата, време е да побарате некој нов.

Напиши коментар