Celebrity

Дали Lewis Hamilton ќе го видиме на филм?!

Режисерот Ron Howard упатил јавен повик кон некогашниот првак во Формула 1 да одигра една од улогите во неговото најново филмско остварување.

Филмот „Rush“ на Оскаровецот Howard говори за трките и кавгите помеѓу двајцата легендарни возачи на Формула 1, Niki Lauda и James Hunt. Возачите ќе ги играат Daniel Bruhl и Chris Hemsworth, но една од овие улоги би можела да му прирадне и на Lewis Hamilton кој на ова остварување работи како консултант.

–          Импресиониран сум од улогата на Lewis како консултант и мислам дека најдобрата работа кај него е што потекнува од скромно опкружување, а успеа да биде најдобар во светот во тоа што го прави, – изјавил режисерот.

–          Долго разговарав со него пред да започнам да работам на филмот и сеуште не знам дали тој би прифатил да глуми во филмот, но за него секако ќе се најде некоја улога. Ако сака, се разбира, – додал Howard.

Напиши коментар