Многумина велат дека парите не можат да ја купат среќата, меѓутоа тоа не е вистина? Во реалноста, парите секако, можат да купат среќа, особено кога станува збор за љубов.
Ако сте среќни во љубовта, среќни сте и во животот – што значи со пари можете да ја купите целата среќа на овој свет. Каква љубов навистина има во празни паричници или голем дијамантвски прстен? Парите, среќата и фазите на љубовта…
Парите се неопходни ако сакаме “да живееме среќно до крајот на животот” приказна. Без нив е тешко да бидете среќни цел живот. Ако сакате да остварите врска со некого, се се сведува на добра рамнотежа. Постојат многу критериуми кои се важни кога сме во потрага за совршен дечко или девојка.
Најважните критериуми ќе ги поделиме во три фази кои, ви се допаѓаат вам или не, сите ги поминуваме.
Фаза1 – изглед и личност
Овие квалитети се важни во почетокот на врската кога двајцата сеуште копнеете еден за друг и не можете да се заситите од неговото/нејзиното друштво. Тоа ќе трае неколку месеци и веројатно нема да поминувате многу време заедно, а кога сте заедно ќе бидете фини еден кон друг. Во оваа фаза проценувате дали, тој/таа е материјал за долга врска и барате одобрување од пријателите.

Фаза2 – делите интерес, проценувате потенцијал на врската
Во оваа фаза заљубеноста се претвора во подлабок однос, разбирање и споделување. во оваа фаза двојките доаѓаат по многу разменети бакнежи и допири.
Во оваа фаза учиме повеќе еден за друг, делиме интереси, утврдуваме дали врската има потенцијал…
Фаза3 – Богатство, емоционална поддршка, секс
Оваа фаза почнува по некое време кога врската се смета за серизона, а можеби сте започнале и заеднички живот или брак. Ако сте во оваа фаза тоа значи дека сте пребродиле многу тешки ситуации. Сега сте во “досадна”, но квалитетна фаза на врската. Меѓутоа токму сега доаѓа на ред – богатството.
Значи, сеедно е дали сте подготвени тоа да го признаете или не, парите ќе играат голема улога во играта на љубовта. И се додека имате доволно пари – со нивна помош ќе можете да купите среќа и многу повеќе. Бидејќи треба да признаете, без парички животот е многу депресивен.
