After Midnight

Дали постои судбината?

Судбината, спред некои верувања е сила која го одредува животот на секој поединец и од која никако не може да се побегне. А е сé она кое е предодредено, од раѓањето па сé до смртта. Според овие верувања, настаните и дожувувањата кои човекот го снаоѓаат се сметаат за судени, а она кое не може да се оствари и покрај големите напори и вложувања, се нарекува – несудено.

Низ историјата многу луѓе, остануваат незадоволни само од физичкото објаснување на разните болести, несреќи  и прерана смрт. Па претпоставуваат дека постои некоја неприродна причина зад овие несреќи кои се случуваат без обзир на заслугите. Таа судбина и тие верувања, го прават животот поподнослив, со тоа што овозможуваат прифаќање на настаните и покрај нивните очигледни неправди и неправилности.

Постојат различни вештини и науки кои настојуваат да го објаснат поврзувањето на луѓето и судбината. Така, астрологијата тврди дека распоредот на ѕвездите во времето на раѓањето ја одредуваат судбината, додека некои облици на гатање имаат  претпоставка дека судбината може да се открие и на линијата на дланката или со помош на толкување на соништата.

Премногу е распространето верувањето за непроменливоста на судбината, која научниците ја сметаат за фатализам. Верувањето дека се во светот и животот е производ на судбината на која не може да се влијае, е всушност, бегство од превземање на одговорност. За психотерапевтите, тоа веување потекнува од околината во која поединецот се оформува и каде што учи за одговорностите. Научниците тврдат дека може да се избегне верувањето дека судбината постои само доколку ја превземеме oдговорноста за својот живот. Бидејки луѓето се активни битија, способни да донесуваат самостојни одлуки кои се прилагодени на реалноста и на целите кои мораме да си ги поставиме.

Од друга страна, научниците и психолозите признаваат дека судбината и верувањето  можат да бидат многу моќна движечка сила – на оние на кои им е тоа најпотребно. Тешко болниот верува дека му е судено да се излечи и со самото тоа има голема веројатност навистина  да бу биде подобро. Многу подобро поминува оној кој верува, од оној кој се препушта на болеста без вера во оздравување.

Како и за сите останати нешта во животот, судбината и верувањето во неа, се спротивставуваат на две верувања. Иако веруваме дека судбината постои и очекуваме дека ќе ни се појави идеалниот партнер, тогаш кога тоа е предодрдено, тоа не знач дека треба да седиме и чекаме тоа самото да се случи. Напротив, не е доволно само да се интересираме за времето  кога таа личност ќе се појави туку треба и сами да си одредиме цели за да поработиме на остварувањето на среќата.

 

 

Напиши коментар