After Midnight

Дали сексот го користите како оружје?

Како да препознаете дали го користите сексот како оружје, или дали вашиот партнер го прави тоа? Еве неколку индикатори:

Ако секојдневно му приговарате и го критикувате партнерот, сексот го користите како оружје со тоа што ненамерно му ја гушите сексуалната желба на партнерот. Општо земено, жените мора да почувствуваат емотивна интимност пред да се впуштат во сексуална интимност, а секоја критика негативно влијае врз сексуалната желба. Иако за мажите не е потребно да имаат емоционална интомност за секс, пвеќето мажи не сакаат да имаат секс со некој кој постојано ги критикува.

Ако сте се запуштиле, не водите сметка за тоа како изгледате праќате порака дека не сте достапни. Иако ова можеби звучи плитко, вистината е дека мажите се визуелни суштества, односно дека привлечноста за нив е визуелно искуство.

Ако намерна ја пренагласувате вашата сексуалност кога сте во јавност. Да се биде секси е една работа, но непримерно облекување и однесување е знак дека сакате да ја искористите својата сексуалност како оружје за да имате поголема моќ.

Ако го условувате вашиот партнер да ги задоволи вашите желби пред да имате секс, тогаш дефинитивно го користите сексот како оружје.

Напиши коментар