Хроничниот замор може да предизвика низа здравствени проблеми.Недостатокот на сон не само што лошо ќе влијае на твојот изглед и здравје туку и на твојот друштвен живот.Ви предлагаме природни решенија со кои ќе можете да се ослободите од заморот и да си ја вратите енергијата.
Ритуал пред спиење
Направи си мал ритуал пред спиење:тоа може да биде чаша топло млеко, купка или опуштање со добра книга.Не оди на спиење одма штом ќе забршиш со компјутерот и немој да спиеш пред телевизор, на тој начин ќе потикнеш стрес и возбуда кои нема да ти дозволи да се одмориш како што треба.
Распоред на обврските
Обврските пробај да ги извршиш на време за да избегнеш прекувремена работа која ќе ти донесе замор.Стресот во најголем број случаи е причина за хроничен замор, а неизвршувањето на обврските во предвиденото време ќе предизвика паника и накрај ќе донесе стрес.
Здрав живот
Вежбање, движење, дишење здрав воздух и исхрана богата со витамини се рецепт за здрав живот а со тоа и здрав одмор.Престојот на сонце и свеж воздух ќе направи чудо на вашиот организам.Потруди се да јадеш редовно и здраво, овој начин на живот не само што ќе те ослободи од хроничниот замор туку ќе ја подобри целокупната слика на твојот организам.
