After Midnight

Дали сте премногу себични во врската?

Себичноста не мора да биде мана. Личностите кои не се нималку себични во врската , не се среќни, бидејки секогаш ги ставаат своите потреби на последното место.

Но, ниту претераната себичност не е препорачлива, а во врската  може да предизвика сериозни проблеми. Затоа, ви откриваме неколку сигнали кои јасно покажуваат дека сте ја надминале границата и дека треба да бидете помалку себични , доколку сакате да ја спасите својата врска.

Секогаш, сê мора да биде по ваше

Врските се состојат од компромис. Но, доколку  секогаш сé мора да биде по ваше, тоа значи дека вие не знаете што е тоа компромис. Не морате вие секогаш да бирате  кој филм ќе се гледа, што ќе ручате и каде ќе излезете. Дури и да мислите дека вашите предлози се многу подобри од оние на вашиот партнер, понекогаш ќе морате да попуштите да биде и по негово.

Вашите потреби мора да бидат на прво место 

Повторно станува збор за компромис. Но, доколку секогаш треба сé да е по ваше  и тоа без приговор , вие сте себична личност…

Не постои конструктивна критика 

Секој негов обид да ви упати конструктивна критика, завршува со солзи. Вие секоја замерка ја сфаќате како напад на вашата личност. Себичните личности, често се убедени дека, се прават најдобро, па затоа тешко ја поднесуваат критиката.

Секогаш во центарот на вниманието 

Задоволни сте, кога сте во центарот на вниманието, но доколку се  промени таа состојба вие се досадувате и станувате раздразливи. Себичните луѓе, често не поднесуваат кога рефлекторите се усмерени кон друг, па затоа сакаат на секој можен начин да се вратат во центарот на сцената.

Тешко им простувате на другите 

Секој греши, освен вас, се разбира. Затоа , најрадо бирате да бидете лути некому , дури и без причина, отколку да признаете дека  постои можност да не сте биле во право.

 

Напиши коментар