After Midnight

Дали тој се плаши од врска?

Не постои девојка, која не сретнала маж кој не е подготвен за врска. Иако за среќа, многумина од мажите не бегаат од врските, додека останатите се едноставно преплашени и стравуваат да влезат во врска поради вистински и претпоставени лоши искуства. Врскофобите секогаш имаат некој изговор поради кој не сакаат врска, а ние ви откриваме некои од најчестите….

Да одиме пополека со врската 

Можеби некои девојки овој предлог ќе го сметаат за романтичен, но всушност тој сака само забава и тука навстина нема ништо романтично. Тој всушност, само сака што побрзо да ве однесе во спалната соба, а се друго оставил на страна и успорил на секаков можен начин. Не се надевајте дека со време ќе се подобри. Тој никогаш нема да биде подготвен за вистинска врска.

Ме повредиле

Ова е класичен изговор за маж кој не сака да се заморува со врската. Во прашање е дали воопшто тоа лошо искуство од минатото е вистина , а можно е дури и да е вистина, тоа можеби се случило толку одамна што ни самиот тој не се сеќава кога се случило. Но, доколку не ви верува дека нема да го повредите до вистинска врска со него нема да стигнете.

Најдобро е да земеме пауза и да размислиме за се

Врскофобите најчесто сакаат да седат на две, три , а можеби и четири столици. Нему му е потребна пауза за да може да дише и да спие со други девојки.

Се уште ја сакам бившата

Вам ви рекол дека ја сака бившата, на бившата и рекол дека ја сака онаа пред вас и се така во круг. Оваа метода е најделотворен начин за избегнување на врска.

Моментално не барам врска

Тој не бара врска, но тоа и не се однесува само на сегашноста, бидејки тој не сака врска со вас, ниту сега, ниту во иднината. Тој сака само да е слободен , за во случај да наиде на некоја која ќе му се допаѓа повеќе од вас. Но нема ништо против повремени секс сеанси, но врска не сака и нема да сака никогаш со вас, така што на крајот може само да ве повреди. Немојте да се надевате дека можете сексот да го искористите како оружје за да го наведете да се вљуби во вас. Тој на крајот ќе си замине , а вие ќе жалите што не сте го потрошиле времето на некој кој е навистина вреден.

 

Write A Comment