After Midnight

Дали треба да му го простите неверството?

Дали ќе се измени или не може да се контролира?

Неверството во една врска е многу тежок удар. Едниот партнер лута, а другиот ги собира остатоците и е соочен со тешки одлуки. Доколку вашиот партнер ве изневерува, ќе може ли сето тоа да се измени? Постои ли некаква надеж дека ќе се спаси врската?

Што ли не доведува до помисла дека може нешто да се измени?

Според толкувањето на Шарон Ривкин, семеен и брачен советник, некои можат а некои не можат да се променат.

Тие кои не можат да се изменат се егоистични, не се каат и не можат да ги контролираат нагоните. Изневеувачите кои не можат да се контролираат имаат пореметување на личноста или зависности. Тие изневеруваат бидејки се несреќни во своите врски, вели Ривкин.

Таа истакнува дека неверсвото не потекнува од одредена тешка фаза на врската, туку тоа е екстремен симптом на врската кој на крајот доаѓа до израз, кога е врската во криза веќе подолго време.

Неверството е всушност, чистач на врската, кога или нешто сосема ќе се измени на подобро или пак се ќе се уништи.

Знаци дека нема да се измени:

  1. Нема покајување.
  2. Изневерувал и во предходните врски.
  3. Сомнителен е преку телефонирањето и праќање на СМС.
  4. Присутни се знаци на пореметување на личноста т.е . нарцисоидност и зависност од секс.

Кога е најдоброто време да се отстапи од врската?

–       Кога партнерот продолжува со неверството иако рекол дека нема тоа да го прави повеќе.

–       Доколку личноста продолжува да изневерува, нема надеж дека ќе се измени – тврди советничка Ривкин.

Но, нагласува дека:

– Секако првенствено треба да се преиспита во однос на врската и околностите во кои се наоѓа.

На крајот, доколку чувствувате, дека немате доверба во него, иако покажува дека сака да се измени, најдобро е секако да си тргнете по својот пат. Не е неуспех или слабост да се излезе од врска која ве разорува.

Напиши коментар