After Midnight

Верувате во Љубовна хемија ???

Љубовна хемија мит или вистина ???!!!

Многумина од нас (ако не и сите ние) трагаме по личност со која би можеле да осетиме „хемија“. ..Но, се испоставува дека љубовната „хемија“ е нереален показател за иднината на една врска!!!

Се што чиниме во животот е поткрепено со внатрешниот систем на вредности, во кои го гледаме секое решение или секоја одлука која треба да ја донесеме.

Мистериозната хемија е исто така наша реакција на она што мислиме дека припаѓа на природата на нашиот систем на вредности. Љубовната „хемија“ не може да се дефини07ра – причината се нашите вредности за кои сме сосема несвесни кога донесуваме одлука дали постои љубовна „хемија„.

Постојат огромен број причини зашто љубовната „хемија“ не е она што треба да биде.

Проблемот е во тоа што светот денес бара од нас да реагираме со „брзина на светлината“ . Имаме премалку време за да се истакнеме пред потенцијалниот партнер или тој пред нас и обратно. Со тоа нашата перцепција за љубовна хемија според нашите вредности судови не е долгорочна и се сведува на моменталното однесување и расположение. Меѓутоа мора да се има на ум фактот дека првиот впечаток е секогаш не толку лажен колку погрешен, причините се во голем број, стресен ден, болки, несогласувања во домот, несогласувања на работа…

Од друга страна постои еден мит кој е широко прифатен и кој застрашувачки навлегува во непринципиелностите на нашите грешки…Негативностите се привлекуваат, опасна грешка која може изгледа логично, а е бескрајно нелогична. За потсетување!!! Магнетните полиња се привлекуваат… но не заборавајте ние не сме магнети, ние сме луѓе со чувства кои тешко се контролираат.

Стварноста е сосема поинаква. Женскиот систем на вредности е отелотворен во однесувањето на некој маж само доколку неговиот систем на вредности е близок со оној на девојката. И само тогаш жената ќе биде привлечена и верувале или цел тој процес се одвива под мистиката на моментално несвесните животни вредности.

Дали ќе верувате во љубовна хемија е Ваша одлука, но имајте на ум дека љубовна хемија е хемиска измислица за да се објасни процесот на хемиските реакции кои се случуваат во моментот кога водиме љубов.

Се друго е под превезот на нашите животни вредности!!!

Напиши коментар