Free zone

Дали знаете за што најмногу луѓето жалат кога се пред смртта?

Една медицинска сестра од Австралија со години работела со пациенти кои се наоѓале на смртна постела. Таа секојдневно ги слушала нивните последни зборови и желби. Резултат од тоа е нејзината книга “Пет најчести жалења на смртната постела”. Ви ја претставуваме листата на жалења по неостварените цели:

Жалам што немав храброст да живеам онака како сакав, и се прилагодував на очекувањата на околината.

Би сакал помалку напорно да работев. На крајот сфаќаме дека семејството и пријателите имаат поголемо значење од она што работата и кариерата го пружа.

Би сакал да имав храброст да ги искажев своите чувства. На колкумина од вас ви се случува тоа во моментот? Да сакате некого, а да немате храброст да му кажете? Направете го тоа уште денес. Не дозволувајте да се каете што не сте го сториле тоа.

Би сакал да останев во контакт со пријателите и луѓето кои ги сакав. Кога сме пред крајот од животот, кога ни истекуваат последните минути се сеќаваме на старите пријатели, на луѓето кои ни значеле нешто и биле со нас во моментите кога сме растеле и кога сме го осознавале светот. Потоа начинот на живот не одвоил и секој тргнал по своја страна. Затоа јавете им се уште денес и вратете го времето на заеднички дружења, поминете малку време заедно.

Би сакал да бев посреќен… Ова е неизбежна желба, сите ние мислиме дека заслужуваме повеќе. Затоа направете се што мислите дека ќе ве направи среќни.

Луѓето не сфаќаат дека среќата е наш избор. Обично се завиткуваме во емоциите кои ни ги пружа семејството или блиската околина па воопшто не приметуваме дека сме го прифатиле туѓото сценари за среќа, а не сме создале лично наше.

Напиши коментар