Celebrity

Дали знаевте кои се најплатените актери во Холивуд?

Магазинот Форбс ја направи листата на актерите кои најмногу заработиле изминатава година.

Прв на листата се најде Том Круз, кој само за една година заработи 75 милиони долари. Од мај 2011 до мај 2012 година тој ги заработи овие пари.

Втор на листата се најде актерот кој не заработи ни приближно како првиот, а тоа е Леонардо ДиКаприо кој на сметката си доби уште 37 милиони.

Трет е Адам Сендлер со истата цифра. Двејн Џонсон е четврти со 36 милиони, а Бен Стилер е петти со 33 милиони.

Саша Барон Коен заработи 30 милиони, додека Џони Деп е седми со истата сума на пари.

Вил Смит заработи 27 милиони, а таа сума ја има и Марк Волберг. Десетто место е за Роберт Патинсон и Тејлор Лаутнер кои заработија по 26,5 милиони долари.

Напиши коментар